Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло.

Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на јавната свест, зајакнување на превентивните механизми и подобрување на институционалниот третман на жртвите и нивните семејства.

„Ова претставува заедничка определба трагедиите да не се повторуваат, човечкиот живот да биде највисок приоритет, а институциите, заедно со граѓанскиот сектор, да создадат посилен и поефикасен систем на превенција, заштита и поддршка“, истакна министерот Тошковски.

Во рамки на соработката се предвидени организирање на заеднички кампањи за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот, јакнење на превентивните механизми, поддршка на жртвите и нивните семејства, како и унапредување на довербата во институционалното постапување..

„Продолжуваме со имплементација и надградба на системот Safe City, но и со нови превентивни политики чија цел е навремено препознавање на ризиците и спасување човечки животи“, нагласи Тошковски.

Министерот потсети дека трагичната сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница уште еднаш ја потврдува потребата од одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила.
Министерството за внатрешни работи останува посветено на креирање современи и ефикасни политики за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и заштита на човечкиот живот како највисока вредност.

Можеби ќе ве интересира

УКИМ одбележува патронат и 77 години од основањето

ДЕСК

Дали знаете како е да живеете во страв за парчето леб? 10.000 работници од игрите на среќа порачаа дека нема да бидат жртви на политички игри

ДЕСК

ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

ДЕСК