Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).