Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

До крајот на работната седмица и за време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен и северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 50 km/h).

Прогноза за 20.05.2026
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 50 km.h.

Прогноза за 21.05.2026
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 28°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер кој повремено ќе достигнува брзина од 55 km/h.

Прогноза за 22.05.2026
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 18°C до 27°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со брзина од над 50 km/h.

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК