Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

ЕВН Македонија дел од Самитот Македонија2025

13.05.2026, Скопје: Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер, учествуваше на панел-дискусијата „Лидерство во предизвикувачки времиња: Одлуки со економско влијание“, во рамки на овогодишниот Самит Macedonia2025, кој се одржа во Скопје под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“.

Дискусијата искреира инспиративен разговор за современо лидерство, култура и моќта на различностите во една компанија.

Г. Маиер ја истакна важноста на лидерството во енергетиката која има клучна улога во економскиот развој, но зборуваше и за нешто уште поважно – луѓето. Според него, различностите ја прават компанијата посилна. Силните компании се градат со различни карактери, различни перспективи и еднакви можности за сите. Како австриец кој работи со македонски тимови, сподели дека секојдневно учи од своите колеги овде, особено од нивниот оптимизам и позитивна енергија дури и во предизвикувачки моменти. Според него, многу поважно од тоа да се мотивираат вработените е всушност да не се демотивираат.

Панелот го модерираше Саше Димитров, член на Одборот на директори на Македонија2025 и партнер во BakerHostetler LLP, а со г. Маиер учествуваа и Кристофер Хил, американски дипломат и поранешен амбасадор на САД во Македонија, како и Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“.

Панелистите разменија мислења за лидерството во време на глобални економски и геополитички предизвици, значењето на стабилните инвестиции и носењето одлуки кои имаат долгорочно влијание врз економскиот развој.

Самитот Македонија2025 и оваа година обедини претставници од бизнис секторот, институциите, академската заедница, инвеститори и лидери од регионот и светот, отворајќи дискусии за економскиот развој, лидерството, иновациите и иднината на регионот.

Како компанија која веќе две децении е значаен инвеститор и двигател на енергетската трансформација во земјата, ЕВН Македонија останува посветена на модернизацијата на енергетскиот систем, одржливиот развој и создавањето долгорочна вредност за економијата и општеството.

Можеби ќе ве интересира

Скоро 87% од нафтените деривати минатата година во Македонија биле увезени од Грција

C +

Престанете да пишувате белешки и преземете ја контролата: Како состаноците од еден час да ги претворите во записи од 30 секунди

C +

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

C +