Centar.mk
СВЕТ

Руски дронови повторно ја нападнаа Одеса: Најмалку 18 повредени

Руски дронови во текот на ноќта повторно ја нападнаа украинската Одеса, при што се повредени најмалку 18 лица, соопштија украинските власти.

Најголема штета е предизвикана во централниот Приморски округ, каде се оштетени повеќекатници и станбени згради, а нападите предизвикале и големи пожари на покривите и горните катови.

Според локалните власти, меѓу повредените има и 17-годишно момче, додека две лица се во тешка состојба на интензивна нега.

Оштетени се и градинка, трговски центар, хотел и административни објекти, а уништени или оштетени се десетици автобуси и автомобили.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија од средата навечер лансирала една балистичка ракета и 206 дронови, од кои 172 биле соборени или неутрализирани./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лекар од крузерот позитивен на хантавирус: „Симптомите личеа на грип“

C +

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

C +

Планот на Трамп предизвика паника во Азија

C +