Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Јапонија беше погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала

Јапонија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, објавува јапонскиот портал „NHK“.

Како што е наведено, јачината на земјотресот е 5+ на скала од 1 до 7. Издадено е предупредување за цунами и се очекуваат бранови високи до три метри.

На жителите од крајбрежните области им е советувано веднаш да се евакуираат и да одат на безбедни локации и на повисоки нивоа.

На граѓаните им е кажано да се држат подалеку од бреговите и устието на реките во морето, поради можно прелевање на водата.

Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот траел околу 20 до 30 секунди, а се чувствувало и нишање на зградите, објавува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија планира да ја нападне Украина или НАТО од Белорусија

C +

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција

C +

Маж почина по напад од ајкула на островот Ротнест во Западна Австралија

C +