Centar.mk
СВЕТ

Германец го нападнал својот сосед: премногу гласно ги удирал шницлите

61-годишен маж вербално и физички го нападнал својот сосед поради, како што изјавил, гласното удирање месо за време на подготовката на шницлата, објави германската новинска агенција ДПА, пренесува ДВ.

Во саботата навечер, постар маж отишол во станот на соседот во зграда, каде што го навредил и го удрил по лицето, соопшти полицијата.

Не е јасно дали наводното гласно удирање се случило за време на законски пропишаните „тивки часови“ во Германија, кои генерално важат помеѓу 22:00 и 06:00 часот наутро./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОДГОТВУВА ИСТОРИСКА ВСЕЛЕНСКА МИСИЈА – Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската станица

ДЕСК

УБИЕН ПРАТЕНИК И ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ГВАТЕМАЛА – Вооружен напад ја потресе земјата

ДЕСК

НАД 140.000 ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ФРАНЦИЈА – Скапиот живот предизвика нов бран протести

ДЕСК