Centar.mk
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Нетанјаху постави услови за договор со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека секој потенцијален договор со Иран ќе биде условен од прекинување на неговата програма за збогатување ураниум, отстранување на веќе збогатениот ураниум во земјата и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Нетанјаху ги изложи условите на договорот со Техеран во видео обраќање.

Нетанјаху додаде дека Вашингтон го информира Тел Авив за разговорите со Иран и истакна дека целите на Израел и САД се „усогласени“. „Подготвени сме за секое сценарио, вклучително и можноста за продолжување на нападите“, рече тој.

Осврнувајќи се на разговорите со Либан во вторникот, Нетанјаху рече дека Израел бара „разоружување на Хезболах и траен мир“, без да спомене евентуално прекин на огнот. Тој рече дека израелските воени операции во јужен Либан се во тек и дека целта е градот Бинт Џбеил, кој го опиша како упориште на Хезболах.

Нетанјаху, исто така, рече дека Израел одлучил да го прошири своето присуство во јужен Либан во насока на Џабал ал-Шеик, тврдејќи дека потегот има за цел „да им помогне на Друзите“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

C +

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

C +

Иран подготвува нов закон за премин низ Ормутскиот теснец

C +