Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Support Kocani обезбеди креми во вредност од над 1 милион денари за лицата погодени од пожарот во Кочани

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари.

Во рамки на набавката се обезбедени 300 креми Bioderma SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со изгореници.

Од иницијативата информираат дека набавката е реализирана во директна комуникација со засегнатите лица и согласно нивните реални потреби, со цел да се обезбеди соодветна и навремена поддршка во процесот на закрепнување.

Средствата за набавката се обезбедени преку донации од граѓани и компании, а дел од процесот е реализиран со поддршка од аптеките кои овозможиле значителен попуст.

Лицата на кои им се потребни овие препарати ќе можат да ги подигнат од младинскиот центар „Гнездо“ во Коачни.

Оваа поддршка претставува уште еден доказ дека солидарноста и заедништвото имаат вистинска сила кога се најпотребни. Support Kocani останува посветена на помош и грижа за сите засегнати, сè додека постои потреба./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Германија потврди, Мицкоски е Орбан Џуниор – вистината е како шило

ДЕСК

Набавени се 100 нови возила за Македонска пошта – еве како изгледаат (ФОТО)

ДЕСК

Мицкоски: Очекувам СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата

ДЕСК