Centar.mk
Облачно небо со дожд и силен ветер над Македонија
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Следува период на променливо облачно и релативно топло време. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и изолирана појава на грмежи.

Прогноза за 17.04.2026
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 18.04.2026
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 15°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 19.04.2026
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 15°C до 23°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ОХРИД ДЕНЕСКА Е ЦЕНТАР НА БАЛКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА – Пристигнуваат лидерите од регионот

ДЕСК

ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА – УХМР најавува нови пообилни врнежи во Македонија

ДЕСК

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК