Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ВРЕМЕНСКИ ПРЕСВРТ: Oд топло време до дожд и северен ветер

Следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди во текот на денот. Утре наместа ќе има слаб дожд, а во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. До петок ќе дува југоисточен ветер кој денес долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен интензитет.

Прогноза за 16.04.2026
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 17.04.2026
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 25°C

Претежно облачно, со услови за краткотраен локален дожд во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 18.04.2026
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 22°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +