Веќе втор ден нема ниту трага ниту глас во јавноста од Никола Груевски, поранешен премиер на Македонија, иако претходно редовно кога беше топ тема во својата земја знаеше да реагира на социјалните мрежи.
Денеска дури и премиерот Христијан Мицкоски порача дека доколку Груевски се врати во Македонија, согласно законските процедури ќе треба да започне да ја одлежува затворската казна.
Речиси истовремено и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на прес побара Никола Груевски да биде испорачан во земјава.
Во текот на денов со свое излагање излезе и Министерството за Правда, од каде што рекоа дека во следниот период ќе ги соберат списите од сите предмети, па врз основа на тоа ќе интервенираат.
Се’ започна со поразот на Виктор Орбан на неделните избори, кој важеше за близок пријател и заштитник на Никола Груевски. Новиот победник Петер Маѓар пак вчера на прес конференција најави дека Унгарија нема да биде депонија за бегалци од правдата и дека сите ќе бидат испорачани во земјите каде што треба да одговараат, а притоа го спомна и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.


