Centar.mk
СВЕТ

Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја денес објави дека во неделата тестирала две стратешки крстосувачки ракети и три противбродски ракети од воениот брод „Чое Хјон“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го набљудуваше лансирањето заедно со високи претставници на одбраната и морнарицата, објави државната новинска агенција КЦНА.

Вежбата имаше за цел да го тестира интегрираниот систем за контрола на оружјето на воениот брод и подобрениот систем за навигација отпорен на попречување, како и да ја обучи екипажот за лансирање.

Крстосувачките ракети летаа помеѓу 7.869 и 7.920 секунди, а противбродските ракети помеѓу 1.960 и 1.973 секунди по однапред одредени траектории над Жолтото Море, погодувајќи ги своите цели со екстремна прецизност, соопшти КЦНА.

Ким, исто така, ги разгледа плановите за вооружување на разурнувачите број 3 и број 4 кои се во изградба и изрази задоволство од неодамнешниот напредок во одбраната на Северна Кореја, кој е квалитативно зајакнат со низа достигнувања./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поранешен ученик рани најмалку 16 лица со пушка во училиште во Турција, а потоа се самоуби

C +

Претставник на Иран во ОН: Земјите што им помогнаа на САД и Израел во војната да платат отштета

C +

Ракети погодија брод во Оманскиот Залив

C +