Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера изјави дека поразот на изборите на унгарскиот премиер Виктор Орбан е многу лош за САД, но дека Вашингтон ќе соработува со новата влада на земјата.
„Секако знаевме дека постои голема можност Виктор да ги изгуби изборите. Го поддржавме затоа што е еден од ретките европски лидери кои се подготвени да се спротивстават на бирократијата во Брисел“, рече тој, осврнувајќи се на поддршката на САД за Орбан.
„Беше многу, многу лошо за САД“, рече Венс во интервју за Фокс њуз.
Тој го опиша Орбан како извонреден човек кој заврши многу добра работа, додавајќи дека неговото лидерство било трансформативно за Унгарија во последните 16 години.
„САД се подготвени да соработуваат со новата влада“
Венс рече дека САД ќе соработуваат со новиот премиер на Унгарија.
„Жал ми е што изгуби. Сигурен сум дека ќе соработуваме многу добро со новиот унгарски премиер. Воопшто не беше залудно бидејќи вреди да се стои со народот, дури и ако не се победи на секоја трка“, рече тој.
Венс ја посети Будимпешта пет дена пред изборите и ги повика Унгарците да го поддржат Орбан, велејќи дека тој ги претставува нивните интереси.
Лидерот на опозициската партија Тиса Петер Маѓар имаше значителна предност пред Орбан на изборите во недела, според Националната изборна канцеларија. Орбан подоцна го призна поразот./Извор:Makfax


