Centar.mk
СВЕТ

Туск му честиташе на Маѓар: „Посреќен сум дури и од тебе!“

Полскиот премиер Доналд Туск објави на социјалните мрежи дел од телефонски разговор со Петер Маѓар, лидерот на унгарската партија Тиса. Туск му се јавил на Маѓар од Сеул за да му честита за изборниот успех.

„Добредојдовте назад во Европа“, напиша тој покрај објавеното видео.

„Петер, поздрав! Искрено се радувам, можеби дури и повеќе од тебе“, му порача полскиот премиер на Маѓар.

Туск се осврна на изборните резултати и во објава на мрежата Икс.

„Унгарија – Полска – ЕУ повторно заедно!“, напиша тој. „Ова беше величествена победа, драги пријатели!“, додаде Туск и ја заврши објавата со порака на унгарски јазик: „Руси, одете дома!“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +