Centar.mk
СВЕТ

„Обрни внимание, Трамп“ – реакциите во САД по поразот на Орбан

Американските демократи го поздравија изборниот пораз на Виктор Орбан, додека републиканците реагираа поделено.

Орбан ја загуби власта по 16 години, откако граѓаните гласаа за проевропскиот кандидат Петер Магјар.

Демократскиот сенатор Чак Шумер порача: „Обрати внимание, Доналде Трамп“, оценувајќи дека вакви лидери ја губат поддршката. Слична порака испрати и Хаким Џефрис.

Дел од републиканците, како Роџер Викер, резултатот го толкуваа како отфрлање на влијанието на Владимир Путин.

Сојузници на Доналд Трамп, меѓу кои и Илон Маск, изразија незадоволство, тврдејќи дека зад исходот стои влијание на Џорџ Сорос.

Трамп засега не се огласи за изборите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +