Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 14.04.2026 г. ќе се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е се уште затворен за сообраќај за сите видови возила.

Можеби ќе ве интересира

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ДЕН: На мостот Гоце Делчев во Скопје ѝ одзеле накит – уапсени осомничени

ДЕСК