Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од околу -1°C до 6°C, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 15°C до 25°C.
Во Скопје и централните делови се очекува температура од околу 5°C наутро до 25°C преку ден. Во источните и југоисточните региони температурите ќе достигнат до 24–25°C, додека во јужните и југозападните делови ќе се движат околу 19°C. Во западните и пелагониските региони ќе биде посвежо, со утрински температури околу -1°C и максимални до 15°C.
Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


