Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег кој се задржува на коловозот се бележат на Попова Шапка и слаби врнежи од снег се бележат во Маврово, кој не се задржува на коловозот, соопшти АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 м. има во Крушево.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


