Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

Сè додека не бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед, нема да се поместиме нити милиметар, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да има Уставни измени без гаранции.

„Ќе чекаме, ако не ние, ќе го пренесеме тоа на оние што нас ќе нè следат. Ако и тие не успеат, и оние што нив ќе ги следат“, дециден е премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски во врска со условите за почеток на преговорите за Македонија да стане членка на ЕУ.

– „Сите во светот треба да знаат, и македонските граѓани, дека таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не иде и дека таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не бидува. А ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во каква било авантура сè додека нема јасен крај, како прво. И второ, сè додека не бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед. Нема да се поместиме нити милиметар“, рече Христијан Мицкоски во изјавата дадена од Гази Баба денеска.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК