Centar.mk
фотографијата е генерирана со вештачка интелигенција за потребите на објавата на Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Историско“ зголемување на платите за 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел – реагира СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Македонските граѓани, македонските работници имаат најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај.

Владата на Мицкоски не прифаќа да ја покачи минималната плата на 600 евра, не презима мерки за намалување на високите цени но затоа ги убедува граѓаните дека покачување на платите од 7% во образованието е „историско“.

„Историското“ зголемување колку вреди? 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел. Ете толку е од историското зголемување.

За само три месеци новиот раст на цените е околу 2.500 денари, вредноста на синдикалната минимална кошница во март достигна скоро 68.000 денари.

Поскапе и лебот, а Мицкоски уште чека, не воведува мерки.

Очигледно Владата на Мицкоски мисли дека граѓаните не ги гледаат своите џебови, празните паричници и фрижидери.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК