Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО НОВО ГРОЗОМОРНО УБИСТВО: 34 годишник осомничен дека си го убил таткото

Лишен од слобода 34-годишен гостиварец, осомничен е дека го убил својот татко во семејниот дом.

На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишија од слобода лице (34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство од слобода е лишен неговиот син.

Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не го пријавил кај надлежните служби. Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК