Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Добра вест за полициските службеници: Линеарно зголемување на платите на сите вработени во износ од 2470 денари бруто

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026.

Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните.