Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 31.03.2026 до 04.04.2026 година ќе се врши „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“. Во временски интервал од 07:00 до 19:00 часот ќе биде воспоставен изменет режим на сообраќај.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК