Centar.mk
фото Влада
-МАКЕДОНИЈА

Расчистено вчерашното убиство во Виница, кривична пријава за осомничениот 80 годишен грчки државјанин, лишени од слобода четири лица

На 28.03.2026 во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од с.Липец, виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Р.Грција и С.З.(57) од с.Жабени, битолско.

По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата.

Против Г.П.(80) од Грција ќе биде поднесена кривична пријава по чл.123 од Кривичниот законик, а против останатите инволвирани лица во настанот до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важна вест околу плаќањето на казни за граѓаните кои ги добиле преку Сејф сити

ДЕСК

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК