Centar.mk
СВЕТ

Иран: Дали американските војници сакаат да умрат за Израел? Ние ги чекаме

Иранскиот воен советник Мохсен Резаи изјави дека неговата земја „чека“ американските трупи да пристигнат во регионот.

„Кога не постигнаa никакви резултати со нивната воздушна моќ, што е нивна главна предност, што очекуваат од копнена операција? Дали американските војници сакаат да умрат за Израел? Ние ги чекаме“, напиша Резаи на платформата Икс.

Резаи неодамна беше назначен за воен советник на врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, а претходно беше командант на Иранската револуционерна гарда.

Иран ги засили одбранбените активности на островот Харг, вклучително и поставување стапици и распоредување воен персонал и системи за воздушна одбрана, како подготовка за евентуален обид на САД да ја преземат контролата врз островот, објави Си-ен-ен.

Според извори цитирани од телевизиската мрежа, иранските сили поставуваат противпешадиски и противоклопни мини околу островот, вклучително и крајбрежните области каде што американските сили би можеле да се обидат да извршат амфибиско слетување.

Иран, исто така, наводно распоредил дополнителни преносни системи за воздушна одбрана (MANPADS).

Во исто време, администрацијата на Трамп размислува за користење на копнени сили за заземање на малиот остров во Персискиот Залив, кој е од клучно економско значење за Иран бидејќи е рутата низ која минува поголемиот дел од извозот на сурова нафта./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Го вовлече Трамп во конфликт со Иран“: Харис со остра критика до Нетанјаху

C +

Русија подготвена да го отстрани збогатениот ураниум од Иран

C +

„Храбар и лојален сојузник“: Трамп го фали Израел, а индиректно ги напаѓа другите партнери

C +