Centar.mk
СВЕТ

Шефот на дипломатијата на Кина: Кризите ги решаваме преку дијалог, а не со употреба на сила

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји вчера во телефонски разговор со својот ирански колега Абас Аракчи ги повика сите страни да ја искористат секоја можност за што поскоро започнување мировни преговори, се вели во соопштението на кинеското министерство, објавија странските агенции.

Разговорот е секогаш подобар од борбата, му рекол Ванг на Аракчи, додавајќи дека „сите жаришта треба да се решат преку дијалог и преговори, а не со употреба на сила“.

Иранските државни медиуми го објавија одговорот на Аракчи во среда.

„Сериозното очекување на Иран од земјите-членки на Советот за безбедност, особено Кина и Русија, е да ги спречат САД да продолжат да го злоупотребуваат Советот со заземање цврст став во осудата на агресијата на САД и ционистичкиот режим (Израел)“, се вели во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија бара прекин на огнот, а истовремено ја напаѓа Украина

C +

Трамп: Конфликтот со Иран може да трае две до три недели, САД веќе победија

C +

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран, а сега го доби она што го сакаше

C +