Centar.mk
СВЕТ

Експлозија без жртви, но со многу прашања што навистина се случи – Два дрона удрија на копно на земји членки на НАТО

Дрон кој влегол од Русија експлодирал во источна Латвија, на само 13 километри од границата, соопштија властите.

Инцидентот се случил во раните утрински часови, а експлозијата била регистрирана во близина на селото Добричин. Според премиерката Евика Силиња, нема повредени лица ниту материјална штета.

На терен веднаш реагирале армијата, полицијата и граничните служби, додека потеклото на дронот се уште се истражува. Во меѓувреме, воведени се ограничувања за воздушниот сообраќај во регионот.

Сличен инцидент е пријавен и во Естонија, каде дрон удрил во електрана, но без последици.

Властите предупредуваат граѓаните да не се приближуваат до остатоци од дронови поради можност од експлозија.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК