Утре ќе има повремени локални врнежи од дожд. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), а од крајот на денот под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.
Во петок локално врнежите ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Прогноза за 24.03.2026
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 25.03.2026
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 26.03.2026
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (локално над 60 km/h).
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


