Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 4 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 9 до 15 степени.

Во западниот регион се очекуваат температури од околу -1 до 6 степени, со повремени врнежи од дожд. Во југозападните делови температурите ќе бидат од 2 до 10 степени.

Во централниот дел ќе се движат од 2 до 11 степени, додека во централно-источните предели од 3 до 15 степени, со повремена облачност и локален дожд.

Во источниот регион минималните температури ќе се спуштат до -2 степени, а максималните ќе достигнат околу 9 степени.

Најтопло ќе биде во југоисточниот дел од земјата, каде температурите ќе се движат од 4 до 15 степени, со променливо облачно време и сончеви периоди.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +