Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ја отфрли понудата на администрацијата на Доналд Трамп за издавање привремена дозвола на Иран за продажба на нафта од танкери.
САД со децении повремено воведуваат санкции врз иранската нафта, а администрацијата на Трамп го блокираше извозот на сурова нафта од Иран откако во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор.
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, во петок изјави дека со овој потег би се пласирала значајна количина нафта на светските пазари.
„Привременото ослободување на овие постојни резерви за светот ќе овозможи САД брзо да пласираат приближно 140 милиони барели нафта на глобалните пазари“, рече Бесент.
Галибаф, кој важи за еден од највисоките преживеани ирански функционери, на објавата на американската администрација одговори утрово на социјалната мрежа X: „Укинување на санкциите за иранската нафта која моментално е заробена на море? Жалимe – распродадена ни е“, напиша тој./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


