Centar.mk
СВЕТ

Проектил погоди брод кај Катар

Брод е погоден од ракета во Персискиот Залив, покрај брегот на Катар, објави UKMTO, британскиот центар за надзор на поморска безбедност.

United Kingdom Maritime Trade Operations (UKMTO) се организација под покровителство на Британската морнарица која ги следи безбедносните инциденти на клучните глобални бродски правци и издава предупредувања до бродовите.

Според нејзините информации, инцидентот се случил на околу четири наутички милји источно од Рас Лафан, еден од најважните енергетски центри на Катар. Бродот бил погоден од непозната ракета, но сите членови на екипажот се безбедни и неповредени.

UKMTO ги предупреди бродовите да пловат со зголемена претпазливост и да пријават каква било сомнителна активност додека трае истрагата.

Инцидентот се случува во време на брзо влошување на безбедносната состојба во Персискиот Залив, каде што се регистрирани бројни напади врз трговски бродови од почетокот на израелско-американската војна против Иран.

Според достапните податоци, неколку бродови се оштетени во напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на конфликтот, а сообраќајот низ Ормускиот теснец, еден од клучните правци за глобална трговија со енергија, е практично блокиран. Во некои претходни напади беа погодени танкери и товарни бродови, додека некои бродови мораа да бидат напуштени поради пожар и штета./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Ако Иран го нападне Катар, ќе го дигнеме во воздух најголемото гасно поле

C +

Ормускиот теснец е толку опасен што речиси никој не сака да испрати воени бродови таму

C +

Пентагон бара повеќе од 200 милијарди долари за финансирање на војната со Иран

C +