Centar.mk
СВЕТ

Аракчи го критикуваше Макрон: Не проговори кога Иран беше нападнат, но се грижи за одмазда

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, ги критикуваше ставовите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој како што вели, не проговори кога САД и Израел започнаа напад врз Иран, но изрази, како што вели, „загриженост“ кога Техеран одговори.

„Емануел Макрон не изговори ниту еден збор за да ја осуди заедничката израелско-американска војна против Иран“, напиша Аракчи на својот профил на мрежата Икс, пренесува агенцијата Тасним.

Тој истакна дека Макрон молчел дури и кога Израел ги разнесе резервоарите за гориво во Техеран, изложувајќи милиони луѓе на токсични супстанции.

„Неговиот „израз на загриженост“ дури и не следеше по израелскиот напад врз нашите гасни постројки, туку по нашата одмазда. Ова е жално“, заклучи Аракчи, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Шпанија нема да ракоплеска на оние што го запалија светот, само затоа што се појавиле со кофа вода

C +

И покрај примирјето, танкерите сè уште чекаат пред Ормускиот теснец

C +

ОАЕ: Излегуваме како победници од војната

C +