Centar.mk
БИЗНИС

ПОЧНА! Ограничување на литража при купување на гориво во бензински во Словенија

Две познати компании во Словенија, МОЛ и Шел, вовеле ограничување од 30 литри за автомобили и 200 литри за камиони со цел да се обезбеди избалансирано снабдување.

„Драги пријатели, со цел да се обезбеди избалансирано снабдување со гориво на пазарот, ве известуваме дека испораката на гориво е ограничена на 30 литри по клиент“, се вели во известувањето.

Компанијата MOL наведува дека итната мерка за ограничување на обемот на испораките на гориво треба да обезбеди еднаков третман за сите клиенти, да спречи недостиг и со тоа да обезбеди сигурна безбедност на снабдувањето.

Од компанијата велат дека од почетокот на март се соочуваат со логистички проблеми, бидејќи не биле во можност да ги снабдуваат бензинските пумпи од магацинот со брзината со која клиентите точеле гориво, па на некои места имало периодичен недостиг на одредени видови гориво.

Ограничувањата се поставени за да се овозможи нормално работење на компанијата и не бараат никакви посебни прилагодувања на навиките на нашите клиенти, бидејќи ограниченото количество претставува просечна набавка, додава MOL.

Со слична мерка излегла и компанијата „Шел“ која исто така одлучи привремено да ја ограничи испораката на гориво, па на нивните бензински пумпи беше воведено ограничување до 100 литри, јавуваат тамошните медиуми.

„Шел Адрија“ изјави дека оваа мерка се однесува на нивните малопродажни бензински пумпи, односно на оние што се првенствено наменети за патнички возила, но не и на пумпи наменети за камиони, јавуваат медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва нов драстичен раст на цените на нафтата

ДЕСК

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

ДЕСК

Курсна листа за 18 март 2026

ДЕСК