Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонски државјанин уапсен во Грција, возел 223 километри на час, кадешто било дозволено 110

Возач на мотоцикл е уапсен за опасно возење, бидејќи на магистралниот пат Солун -Евзони достигнал брзина од 223 километри на час, со дозволена брзина од 110 километри на час.

Станува збор за 49-годишен државјанин на Северна Македонија, пишува „Прототема“,

Неговата брзина била регистрирана од радарски уред на Тимот за контрола и спречување на сообраќајни несреќи при Одделот за сообраќајна полиција во Кукуш.

Државната телевизија ЕРТ објави дека му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК