Во следните неколку денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во снег. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец, а од петок ќе дува северен ветер. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Прогноза за 18.03.2026
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа засилен ветер претежно од источен правец.
Прогноза за 19.03.2026
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно со умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.
Прогноза за 20.03.2026
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.


