Centar.mk
СВЕТ

Во Доха, главниот град на Катар се слушаат експлозии

Властите на Катар утрово евакуираа делови од областа Мшеиреб во Доха, каде се сместени владините канцеларии и канцеларија на „Гугл“, како и од реонот каде се наоѓаат шест американски универзитети.

Очевидци тврдат дека во главниот град на Катар се слушаат експлозии.

Евакуацијата беше спроведена еден час пред властите да известат за пресретнати ракети над Катар.

Иранските медиуми пред три дена објавија список на потенцијални цели во регионот. На истата наречена „Нови ирански цели“ се наоѓаат канцелариите и имотите на големите американски технолошки компании кои работат на Блискиот Исток. Меѓу потенцијалните цели се регионални канцеларии, како и центри за податоци и развојни центри на технолошки гиганти.

Според иранските медиуми, на листата се објекти поврзани со „Гугл“, „Амазон“, „Мајкрософт“, „Енвидиа“, ИМБ, „Оракле“ и „Палантиар технолоџис“, се споменуваат канцелариите во Израел, но и низ целиот регион, вклучувајќи ги Дубаи и Абу Даби./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ – Тројца навивачи остануваат во болница

ДЕСК

НОЌ НА ТЕНЗИИ ВО МОСКВА – Ограничен авиосообраќајот на повеќе аеродроми

ДЕСК

ДРАМАТИЧЕН ИНЦИДЕНТ НА АЕРОДРОМ ВО ВАШИНГТОН – Два авиона оштетени пред полетување откако се допреле

ДЕСК