Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени, попладне краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде умерено облачно, наместа ќе има услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки раобти (УХМР), утре ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. До вторник ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во среда ветерот ќе го смени правецот во источен, а во четврток во североисточен. Од вторник дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Македонија успешно евакуираше 380 свои и 78 странски државјани, вели Муцунски

C +

Мицкоски порача дека една година по трагедијата во Кочани, институциите се способни да учат од трагедиите

C +

Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?, праша Трендафилов

C +