Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако продолжи ваквиот тренд, Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на БДП оваа и минатата година, изјави:

„Изминатата година 2025, како македонска економија забележавме раст на Бруто домашниот производ којшто нè сместува во првите пет во Европа. И сега повторно ќе кажам, од страна на ботовите на опозицијата ќе бидам можеби исмејуван по социјалните медиуми, но тоа се бројки и факти коишто ги објавува Евростат. Минатата година 2024, поради добрата втора половина, бевме во првите десет, оваа година сме во првите пет. А за оваа 2026 година, ако оди вака како што почна годината, не би се изненадил да бидеме и во првите три. Што значи тоа, тоа значи дека конечно ќе почне полека, но сигурно да се чувствува и кај граѓаните, односно ќе се зголемува стандардот и куповната моќ.

Јас можам да кажам дека економијата е она коешто претставува наш најголем приоритет. Имаме историско највисока реализација во првите два месеци на капитални инвестиции, од она што е предвидено имаме 25% реализација. Околу над 10 милијарди, зборувам од централниот буџет, ако на тоа се додадат и инвестициите коишто се во јавните претпријатија. Еве тука е и потпретседателот на Влада и министер за транспорт, да речеме инвестициите на ЈПДП, Јавното претпријатие за државни патишта, не влегува во оваа бројка. Тоа се дополнителни инвестиции. Останатите јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата што инвестираат, не влегуваат во оваа бројка. Значи ова е само од централниот буџет, над 10 милијарди денари.

Ако вака продолжиме, а приходите во буџетот се исто така на едно, би рекол неочекувано високо ниво во првите два, два и пол месеци еве скоро, очекувам оваа година и не би се изненадил да бидеме во првите три економии.“

Можеби ќе ве интересира

Пожар во кочанско – неколку лица завршиле со итна помош

ДЕСК

Трагедија ја потресе Македонија: Струен удар причина за смртта на 20 годишно момче

ДЕСК

Тешка сообраќајка кај Рибарци, има повредени

ДЕСК