Centar.mk
фото Уставен Суд
МАКЕДОНИЈА

Делегација од Уставниот суд во посета на Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа во Стразбур, Франција

Делегација од Уставниот суд ги посети Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа. За време на посетата, членовите на делегацијата се запознаа со работењето на овие клучни европски институции, присуствуваа на рочишта и презентации и остварија средби со судии и правни експерти.
Делегацијата присуствуваше на рочиште во Големиот совет на Судот по предметот Tergek v. Türkiye (бр. 39631/20) и се запозна со работните методи и процедурите на Судот.
Во текот на посетата, членовите на делегацијата учествуваа во обуки за работењето на Судот, се запознаа со базата на податоци HUDOC и платформата за размена на знаења, како и со процедурите за администрација и менаџмент на случаи. Исто така, се запознаа со активностите на Одделот за извршување на пресуди.
Делегацијата ја посети и Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде беа презентирани Програмата HELP и работата на Канцеларијата на Комесарот за човекови права.
За време на сите активности, членовите активно учествуваа во состаноци и презентации, ги анализираа процедурите и механизмите за заштита на човековите права и добија практични насоки за унапредување на работата на Уставниот суд.
Посетата беше оценета како исклучително продуктивна, со значајна размена на знаења и искуства и со јасна перспектива за унапредување на соработката помеѓу Уставниот суд, Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа. Оваа посета ја организираше Делегацијата на Европската Унија преку проектот за владеење на правото и јакнење на капацитетите, финансиран од ИПА 3 програмата.

Делегацијата на Судот беше предводена од Генералниот секретар, м-р Виолета Ѓорѓиевска, шефот на кабинетот на претседателот Љубица Гаџовска, советниците Татјана Јањиќ-Тодорова, Александар Лазов, Јасмина Симоновска, Марина Пеливанова-Димовска, Христина Беловска и Лариса Милевска, како и експертите ангажирани на Проектот, тим-лидерот Карстен Манке, Мартин Сопронов и Виктор Гратакос. Посетата во Стразбур се реализираше во периодот од 3 до 7 март 2026 година.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода четворица разбојници во Скопје веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници, следува кривична пријава

ДЕСК

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК