Centar.mk
илустративна фотографија генерирана со вештачка интилегенција за потребите на Centar.mk
КУЛТУРА

Почина познатиот актер Кирил Поп Христов – Кили

На 58-годишна возраст во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили. Веста за неговата смрт одекна меѓу колегите, пријателите и љубителите на театарот и филмот.

Поп Христов од 2014 година живееше во Еквадор, каде што се пресели и го продолжи својот живот, по силните притисоци од тогашната власт. Иако беше далеку од татковината, често се враќаше во Скопје. Сепак, последната година и половина од животот ја помина во Еквадор.

Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Актерската кариера ја започна по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што студираше актерска игра. Дипломирал во 1989 година.

Од 1993 до 2014 година беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, каде што остави значаен траг со бројни улоги на сцената.

Публиката ќе го памети и по неговите филмски улоги во „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“.

Можеби ќе ве интересира

Почина познатиот македонски актер Лазе Манасков на 66 годишна возраст

ДЕСК

Дац и Александар – Дамите Бираат

ДЕСК

Скопје ја задржа титулата за Европскa престолнина на културата – следи трансформација од 55 милиони евра

ДЕСК