Centar.mk
stab, shtab
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра – тоа е хистерија Мицкоски

-Срамна и безобразна е изјавата на Мицкоски кој граѓаните и работниците кои едвај врзвуваат крај со крај и не можат да го прехранат своето семејство ги нарече хистерични, велат од СДСМ.

„Над 200.000 работнички семејства живеат тешко, а Мицкоски ги прави хистерични.

Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата.

Не е хистерија да се бара достоинствена плата, тоа е борба за достоинствен живот, да можат граѓаните да обезбедат пристојна живејачка, леб на масата, храна во фрижидерот, да можат да платат сметки и да школуваат своите деца.

Сега, кога поскапе горивото, се очекува и зголемување на цените на храната и останатите производи. А тој дрско се однесува кон работниците и вели дека утре ќе барале 800 евра. Поради поскапувањата и тие ќе бидат малку.

Не е хистерија 600 евра плата Мицкоски, тоа е борба за живот. Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра – тоа е хистерија.“ – велат од СДСМ во денешното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Со години ја чекаа среќата: Овие два хороскопски знаци влегуваат во најубавиот период од својот живот

ДЕСК

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК