Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје

Вчера попладне на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати.

Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.

Врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, летот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за неговата реализација беа целосно покриени од државата, се наведува во соопштението.

Во текот на денешниот ден се очекува во Приштина да пристигне третата група граѓани, за кои е предвидено да полетаат од Ријад, Кралството Саудиска Арабија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК