Centar.mk
СВЕТ

На удар: Саудиска Арабија, Кувајт, Израел… Иран: Нападнавме најсилно од почетокот на војната

Иранските вооружени сили започнаа нов бран напади со ракети и беспилотни летала врз Израел и неколку земји од Персискиот Залив. Во Израел, ракетите беа или пресретнати или паднаа во ненаселени области, објави рано во среда „Тајмс оф Израел“.

Иранската новинска агенција Тасним, која е блиска до Иранската револуционерна гарда, го опиша нападот како најтежок бран напади од почетокот на војната.

Саудијците: Пресретнавме седум балистички ракети

Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека седум балистички ракети и седум беспилотни летала биле пресретнати во различни делови од земјата. Во Кувајт, Министерството за одбрана соопшти дека четири беспилотни летала биле пресретнати, додека едно се урнало на отворен терен.

Сирени за воздушен напад се огласија и во Бахреин./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК