Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

70 години Витаминка – вкусот што ги поврзува генерациите

Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба, во малите секојдневни моменти што стануваат најдраги спомени. Затоа речиси и да нема семејство што не ја препознава Витаминка како „своја“.

Приказната за денешна Витаминка започна во 1956 година во Прилеп, скромно, со мелен црвен пипер и голема посветеност. Од тој почеток, чекор по чекор, Витаминка изгради свет на вкусови што денес брои стотици производи и брендови кои се дел од секојдневниот живот од првите детски ужинки со Стоби флипс, преку семејните трпези со Витанез мајонез и препознатливиот кечап, до слатките моменти со Атлантис, Фрути и Деспина и освежувањето со Цевитана.

И токму во тоа е силата на оваа приказна, вкусовите што не се менуваат затоа што се докажани, а се сакани затоа што будат доверба. Витаминка е нишката што ги поврзува генерациите, преку истиот препознатлив вкус.

Витаминка освен што е емоција и вкус на повеќе генерации, таа е највредниот македонски бренд, создаден од македонски знаења и труд, симбол за квалитет, сигурност и континуитет.

По 70 години Витаминка продолжува напред, со истата посветеност, со препознатливите вкусови и со јасна визија. Да остане бренд што не се мери само по бројот на производи, туку по местото што го има во животите на луѓето. Бренд што не е само дел од пазарот, туку дел од домот.

Можеби ќе ве интересира

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

ДЕСК

Нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице

ДЕСК

Енергетската транзиција забрзува: Средба Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

ДЕСК