Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт, Глорија дел Кармен Оливарес.

Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски односи, засновани на меѓусебно разбирање и заемна почит.

„Време е за збогатување на соработката со нови форми и содржини. Во ера на глобализација, вештачка интелигенција и дигитализација, географската оддалеченост се релативизира“, рече таа.

Според претседателката, постојат големи можности за унапредување на соработката, особено во сферата на економијата, културата, туризмот, образованието и науката.

Со оглед на тешките времиња во коишто живееме, претседателката, во јакнењето на мултилатерализмот, како функционален механизам на договарање, гледа решение за бројните и комплексни проблеми во рамките на Обединетите нации, чија улога е минимизирана до непрепознавање.

Амбасадорката дел Кармен Оливарес оцени дека двете земји, иако се географски оддалечени, споделуваат фундаментални вредности како што се демократијата, одбраната на човековите права и почитувањето на владеењето на правото, како и заеднички цели како што се мирот, развојот на нашите народи, стабилноста и институционалното зајакнување.

Таа изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нејзина водечка задача ќе биде натамошен развој на билатералните односи. Нагласи дека двете земји треба да работат заедно, во духот на меѓусебното почитување и да вложат максимални напори за да го остварат својот целосен потенцијал за раст.

Претседателката ѝ посака на амбасадорката успех во извршувањето на значајната и одговорна функција.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +