Centar.mk
БИЗНИС

Започна светската криза: цените на нафтата достигнаа 118 долари за барел

Цените на нафтата денес надминаа 110 долари за барел поради прекини во снабдувањето, објавува „Trejding ekonomiks“.

Фјучерсите за сурова нафта VTI денес пораснаа за дури 31 процент, пред да се вратат во трговија за 13 проценти над 100 долари за барел, поради намалувањето на производството од страна на големите производители од Блискиот Исток по прекините во Ормутскиот теснец.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека порастот на цените на нафтата, предизвикан од војната во Иран, е мала цена што треба да се плати за безбедноста и мирот во светот.

„Краткорочните цени на нафтата, кои брзо ќе паднат откако ќе се заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана, се многу мала цена што треба да се плати за САД, светот, безбедноста и мирот. Само будалите би размислувале поинаку“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Во неделаta, цената на нафтата скокна на повеќе од 100 американски долари за барел, за прв пат од почетокот на војната во Украина во 2022 година, објавува CNN.

РИА Новости денес објавува дека цената на суровата нафта Брент надмина 118 долари за барел за прв пат по речиси четири години, според податоците за тргување.

Според Хомаџун Фалакшахи, водечки аналитичар за истражување на сурова нафта во Kpler, нафтата би можела да „скокне“ на 150 долари за барел до крајот на март доколку патувањето низ теснецот не се обнови, објавува CNN.

Претходниот скок го означува најголемиот еднодневен раст од април 2020 година и највисокото ниво на цените од јуни 2022 година.

Во Ирак, производството од трите главни јужни нафтени полиња се намали за 70 проценти, односно од 4,3 милиони барели дневно, што се произведуваше пред конфликтот во Иран, на 1,3 милиони барели дневно.

Кувајт, петтиот најголем производител на ОПЕК, исто така започна со намалување на производството во саботата.

Ова следеше по намалувањето на производството на течен природен гас од Катар минатата недела, што дополнително ја намали глобалната понуда.

Аналитичарите, исто така, предвидуваат потенцијално намалување на производството од ОАЕ и Саудиска Арабија поради брзото полнење на складишните капацитети, објавува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Дизелот поскапува за 14,5 денари

ДЕСК

Инфлацијата на годишно ниво е 2,9 отсто

ДЕСК

Халкбанк со континуирана поддршка за родова еднаквост и економско зајакнување на жените

ДЕСК