Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран никогаш нема да се предаде, додека судирите со Израел продолжуваат со размена на напади, а иранската војска возвраќа со удари и кон неколку земји од Персискиот Залив.
Пезешкијан се огласи помалку од еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп порача дека неговата администрација нема да преговара со Техеран без, како што рече, безусловна предавање.
Во телевизиско обраќање на државната телевизија, Пезешкијан ги отфрли таквите барања.
„Со себе во гроб ќе ги однесат соништата за наше безусловно предавање“, рече тој.
Откако пред една недела беше убиен врховниот лидер Али Хамнеи, власта во Иран привремено ја презеде тричлено раководство кое ќе управува со државата додека не се избере негов наследник.
Во тоа тело се претседателот Пезешкијан, кој се смета за поумерен политичар, претседателот на судството и тврд конзервативец Голамхосеин Мохсени Еџеи, како и високиот клерик Алиреза Арафи.
Пезешкијан исто така изјави дека иранското привремено раководство вчера одлучило соседните земји повеќе да не бидат цел на напади, освен ако нападите врз Иран не бидат извршени од нивна територија.
Како што пренесуваат иранските медиуми, претседателот притоа им се извинил на соседните држави за ударите што се случија во последните денови./Извор:Makfax


