Centar.mk
СВЕТ

„Емирати“ повторно ги активира летовите од Дубаи по привремената суспензија

Авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека повторно ги активира летовите откако претходно денеска привремено ги суспендираше сите операции и ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот.

Во новото соопштение компанијата наведува дека операциите постепено се обновуваат и дека патниците со потврдени резервации за денешните попладневни летови можат да дојдат на аеродром.

„Нашата објава од 11:08 часот по време во Дубаи за оперативниот статус повеќе не е вежечка и е избришана за да се избегне непотребна конфузија. „Емирати“ ги продолжи операциите. Патниците кои имаат потврдени резервации за денешните попладневни летови можат да дојдат на аеродром. Ова се однесува и на патниците кои преседнуваат во Дубаи, доколку и нивниот поврзан лет се одвива според распоредот. Патниците можат да го проверат распоредот на претстојните летови, како и да резервираат места за патување на: http://emirat.es/nowoperating „Емирати“ продолжува да ја следи ситуацијата и во согласност со тоа ќе го прилагодува оперативниот распоред. Им благодариме на нашите патници за разбирањето и трпението. Безбедноста на нашите патници и екипажот е наш највисок приоритет и нема да биде доведена во прашање“, велат од компанијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Со вперени пушки израелската војска приведе екипа на Си-Ен-Ен

C +

Чешка вели дека нема пари за одбрана за да ја исполни целта на НАТО

C +

Трамп: Зошто би биле ние тука за НАТО, ако тие не беа тука за нас

C +