Centar.mk
СВЕТ

Експлозии на аеродромот во Техеран

На аеродромот во Техеран се слушнале експлозии и избувнал пожар по израелските напади.

Иранската полуофицијална агенција „Мехр“ објави снимки кои прикажуваат штета во Техеран во раните утрински часови во саботата, откако Израел започна обемен бран напади, а според наводите на „Мехр“ погоден бил и градскиот аеродром.

Претходно беа објавени драматични снимки од пламен и експлозии на аеродромот Мехрабад во Техеран, како и авион во пламен. Не е јасно дали авионот бил директно погоден.

„Израел напаѓаше, а во еден од последните напади погоден е западниот дел од Техеран и аеродромот Мехрабад“, вели водител во видеото што го објави „Мехр“.

„Во нападите создадоа голема дупка во земјата на автопатот Ајатолах Саеди, што го наруши сообраќајот“, се наведува во видеото.

На снимката се гледаат и големи столбови темен чад што се издигнуваат над Техеран во далечината, за кои се наведува дека ги означуваат местата на нападите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Со вперени пушки израелската војска приведе екипа на Си-Ен-Ен

C +

Чешка вели дека нема пари за одбрана за да ја исполни целта на НАТО

C +

Трамп: Зошто би биле ние тука за НАТО, ако тие не беа тука за нас

C +